За ПЛОТЕР

За ПЛОТЕР


Дали сте во потрага по квалитетни бехатонски плочки, ивичници и блокови? Барате ли професионален тим кој ќе ви понуди естетско, трајно и квалитетно решение за вашиот простор?

Тогаш сте на вистинското место. ПЛОТЕР е производител и изведувач со долгогодишно искуство. Веќе 20 години дизајнираме, изработуваме и монтираме секаков вид на бетонска галантерија:

Бехатонски плочки

Бехатонските плочки се дел од производите на бетонската галантерија. Апликацијата на бехатонот е исклучително широка: се применува на приватни, но и на јавни простори, всушност, секаде каде што е потребна цврста подлога и одредени естетски ефекти. Бетонските плочки се користат за поплочување дворови, пешачки и сообраќајни површини, плоштади… Нивната употреба е практично неограничена, а естетските решенија се ограничени само од имагинацијата и идеите на дизајнерот, проектантот или нарачателот.

Бетонските плочки сеизработуваат од цемент и адитиви кои значително ги подобруваат механичките карактеристики, неговиот квалитет, сила и отпорност на атмосферски влијанија, како и со евентуално додавање на висококвалитетна боја за бетон.

Технологијата на производство на бехатон е различна и го диригира и условува квалитетот. Потрагата по решение за уредување на вашиот простор, ќе ве доведе и до понуди по релативно ниски цени на лиени и рачно пресувани бехатон плочки. Тоа не е доволно добро, а најмалку трајно решение, затоа што од технологијата на производство во голема мера зависиценатата, но секако и квалитетот и трајноста на производот.

Нашите бехатонски производи се висококвалитетни и се изработуваат исклучиво со пресување под притисок со вибрации.
Плочките се произведуваат во различни дебелини, во опсег од 3цм., 4 цм., 6 цм. до 8 цм. Различната дебелина значи различна носивост и ја диктира самиот простор и неговата намена.
Бехатонот има повеќе предности. Отпорен е и издржлив, може поднесува екстремни товари, дури и густ сообраќај, но исто така многу ниска температура. Бехатонот е мазен, но не се лизга – изборот на бехатонски плочки за вашиот двор е безбедно решение за вашите деца
Естетиката која ја овозможува бехатонот е уште една многу важна карактеристика на овој материјал. Бехатонот доаѓа во многу форми и бои, кои се поврзани во една целина на различни начини, создавајќи исклучително привлечни шари. Различните комбинации на овие форми овозможуваат многу атрактивни и имагинативни резултати, па не е ни изненадување што бехатонот често се гледа на нашите улици идворови.
Покрај широкиот асортиман на бои и форми, една од најважните карактеристики на бехатонот е неговата монтажа. Монтажата на бетонските плочки е многу едноставна и таа е всушност една од најатрактивните карактеристики на овој производ. Бехатонските плочки се монтираат на претходно добро подготвена подлога, па во доколку има потреба лесно можат да се отстранат, а потоа да се вратат назад, или да се постават на друго место. Земајќи ги предвид сите овие карактеристики очекувана е популарноста на овој производ – бидете сигурни дека го правите вистинскиот избор.

Повелете во ПЛОТЕР! Ви нудиме палета на бои, форми и големини при изборот на бехатонски плочки со кои можете да го уредите вашиот простор. Вашите желби секогаш се приоритет, а ние сме на располагање со нашето ускуство, идеи и совети.

Ивичници

Декоративните ивичници му даваат естетска завршница на поплочениот простор. Можете да ги користите за оградување на вашиот тревник или градина, но и како естетско решение за патеки, скали или огради. Изработени се до димензии 100 цм. х 20 цм. х 5 см. од најквалитетни материјали, моделирани совршено да се вклопат еден во друг, стабилни се, можат да се поставуваат во длабочина по ваша желба и за разлика од стандардна бетонска завршница, можат лесно да се отстранат и да се вклопат во друг простор. Ваше е само да ја изберете бојата.

Блокови

Ќе бидеме задоволни доколку блоковите, производство на ПЛОТЕР, овозможат трајност, стабилност и цврстина на вашиот стамбен или работен простор. Блоковите се со унифицирани  димензии 39 цм. х 39 цм. х 19 цм. За квалитетот на блоковите и сите наши производи, покрај високите оценки на ИЗИС (Институтот за испитување – Скопје), гаранција се и препораките од нашите задоволни муштерии.

 

Додадете стил и убавина на просторот што ве опкружува. Без разлика дали се работи за вашиот двор, приватни или јавни површини, направете паметен избор и контактирајте не!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *